УСЛУГИ

Монтажа и балансирање

Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.

Балансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.

Во ГАНЗОНИ за секоја купена гума добивате 50% попуст на услугата за промена и балансирање, побарајте понуда и цена за услугите. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.

Поправка на пневматици

Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација.

За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP.

Азотно пумпање

Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето.

ХОТЕЛ ЗА ГУМИ

ГАНЗОНИ Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гуми. Сите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно.

Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме.

За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.